ЕЛЕКТРОНСКИ ФОРМУЛАР ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ВО ЉУБЉАНА

Честопати на студентите во текот на студиите им се појавуваат прашања и сомнежи поврзани со образованието и образовниот систем.
За таа намена Универзитетот во Љубљана има направено формулар Инфо штудент, каде што може по електронски пат да го поставите вашето прашање, доколку не можат да ви помогнат во студентската служба на факултетот каде што студирате. Формуларот е наменет за сите студенти кои се запишани на факултетите кои се во состав на Универзитетот во Љубљана. Заштедувате време, прашувате на далечина и добивате одговор од стручно лице.

Формуларот е достапен на следниот линк: https://www.uni-lj.si/…/koristne_info…/obrazec_info_student/

Напишете коментар